Фетиков наведува дека двајцата со години работат на зачувување и афирмација на културното и историското наследство на регионот. Според него, тие напишале книги за регионот, завршиле високо образование, истражувале во архиви и настапувале на меѓународни настани во Европа и во турскиот свет.
Тој наведува дека кандидатите добиле признанија од меѓународни институции за ангажман во културата, образованието и соживотот.
Како споредба, Фетиков посочува дека во 2025 година биле доделени 15 општински признанија, од кои 12 им биле доделени на наставници. Според неговата објава, образложението било дека тие биле ментори на ученици кои постигнале успеси во образованието.
Фетиков смета дека признанијата треба да го одразуваат трудот и придонесот на наградените, а споредбата меѓу доделените признанија и одбиените предлози им ја остава на граѓаните.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.