„LERMS“ е систем за управување со записи за спроведување на законот. При поднесување кривична пријава до надлежно обвинителство, за истрагата ќе се води дигитален запис, а институциите ќе доставуваат навремени и точни статистички податоци за преземените дејства. Царинската управа така ќе има увид во брзината на постапувањето.
Во воспоставувањето на системот се вклучени Царинската управа, Јавното обвинителство, МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот. Системот се воспоставува со грант од Европската Унија.
Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени посочи дека завршувањето на проектот означува почеток на нова фаза на практична примена и континуирано унапредување на системот. Царинската управа очекува зголемената отчетност да придонесе за поголема ефикасност и побрзо спроведување на операциите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.