Комората предупредува дека постојните буџетски рамки и начинот на финансирање ја доведуваат во прашање функционалноста и долгорочната одржливост на системот. Таа го посочува драстичното намалување на буџетските средства за здравствена заштита на животните, како и присуството и заканите од опасни заразни болести кај животните и зоонози. Меѓу проблемите ги наведува и епидемиолошките предизвици и континуираниот раст на трошоците за ветеринарни активности од јавен интерес.
Во изминатите години Комората повеќепати се обраќала до Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и други надлежни институции. Нејзините барања опфаќаат соодветна буџетска рамка, реално вреднување на ветеринарните услуги од јавен интерес, навремено исполнување на финансиските обврски и создавање услови за непречено функционирање на ветеринарните друштва.
Комората очекува укажувањето на Европската комисија да биде земено предвид и да резултира со конкретни и неодложни мерки за стабилен и долгорочно одржлив ветеринарно-здравствен систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.