Повисоките трошоци за парно и неизвесноста околу цените на горивата ќе го погодат животниот стандард, е оценката на Филипче пренесена во партиското соопштение. Тој ја обвинил власта дека ги игнорира барањата за конкретни мерки за намалување на трошоците.
СДСМ повеќепати понудил намалување на акцизите и ДДВ-то за горивата, но Владата не ги прифатила мерките, рекол Филипче.
Тврдењата на власта за најниски цени на горивата во регионот, според Филипче, не го решаваат проблемот со нискиот животен стандард. Со сегашните плати и пензии граѓаните можат да купат најмалку литри гориво, оценил тој.
Како мерки што би им донеле корист на граѓаните, Филипче побарал намалување на ДДВ-то на пет проценти, укинување на акцизите и поевтинување на горивата за 15 до 20 денари. Тој ја оценил претстојната зима како многу тешка и рекол дека власта не покажала разбирање.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.