На средбата, според објавата, присуствувале и сопругата на амбасадорот, Елвира Прескер, економскиот советник во Амбасадата Горан Криж и соработничката за развојна соработка Шермин Коџаџику.
Разговорот опфатил проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Македонија – Фаза 2 (2026–2028)“. Според описот на Јанков, проектот има цел да ги поддржи жените и младите во руралните средини преку развој на органско пчеларство, производство и локален пласман на мед и пчелни производи.
Јанков оценил дека ваквите проекти отвораат можности за рурален развој, женско претприемништво и создавање одржливи извори на приходи. Во објавата им се заблагодарил на Словенија за поддршката и на партнерите што работат на реализацијата на проектот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.