Цивилната одбрана првично пријавила дека загинале три деца и две жени. Здравственото министерство во понеделникот наутро навело дека меѓу загинатите има три деца и една жена. По одронот биле спасени и петмина повредени.
Обилните дождови во саботата, според извештаите, поплавиле десетици илјади шатори низ Газа и оставиле многу Палестинци без суво место за спиење. Цивилната одбрана соопштила дека водата на некои места достигнала до 1,5 метар, а спасувачите можеле да одговорат на 10 отсто од 2.100 повици за помош.
Цивилната одбрана повикала меѓународните организации итно да обезбедат побезбедни засолништа и шаторите да се преместат подалеку од песочни подрачја, падини и места изложени на одрон. Меѓународната организација за миграции, пак, работи со партнери на обезбедување шатори и церади и подобрување на одводнувањето во камповите, но нејзиниот регионален координатор предупредил дека помошта што стигнува во Газа не ги задоволува потребите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.