Според извештајот, Хуанг ја споредил Крес со срна заслепена од фарови за време на презентација на состанок со финансискиот тим. На состанокот се разгледувале планови „Nvidia“ да обезбеди гаранции вредни милијарди долари за оператори на центри за податоци што не можеле однапред да ги платат нејзините чипови.
Волстрит журнал наведува дека Крес поставувала прашања за договорите засновани на кредитирање и поврзани со програмите на „Nvidia“, во кои бил вклучен и зетот на Хуанг, Нико Капрез. Таа барала да се утврди како да се изберат корисните договори, како да се процени вредноста на гаранциите и како да се пресмета повратот.
Претходно годинава, Крес ја намали финансиската обврска на „Nvidia“ за проектот на „OpenAI“ за центар за податоци во Охајо. Компанијата разговарала за обезбедување кредит од 250 милијарди долари, но на крајот се обврзала на 105 милијарди долари, наведува ТекКранч.
Крес работи во „Nvidia“ повеќе од 13 години. Пред тоа била виша потпретседателка и финансиска директорка во делот на „Cisco“ задолжен за финансиите на деловно-технолошките операции.
Хуанг поднесе оставка вчера, по извештаи за две вонбрачни врски, меѓу кои и со потпретседателката на „Nvidia“ за здравство, Кимберли Пауел. Според ТекКранч, компанијата истражува и можна кинеска шпионска операција. По оставката, Ројтерс објави тврдење за трета врска на Хуанг со друга вработена.
„Nvidia“ бара постојан извршен директор што ќе го наследи Хуанг, кој ја водеше компанијата повеќе од 33 години.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.