Истражувачкиот тим ги анализирал коските од задната нога на малиот месојаден аратазаурус. Снимките со електронски микроскоп покажале мали, тркалезни структури во тесни канали каде што некогаш минувале крвни садови. Хемот е соединение што му овозможува на хемоглобинот да пренесува кислород, а тестовите откриле и траги од аминокиселини што го градат колагенот.
Биолошките ткива и молекули можат брзо да се распаднат, па тврдењата за нивно зачувување во древни фосили се спорни. Швајцер смета дека вдлабнатиот облик на структурите не одговара на очекуваниот изглед на црвените крвни клетки кај диносаурусот, кои би требало да имаат испакнатина околу јадрото и да бидат куполести од двете страни. Таа била повеќе убедена од наодите на хем и аминокиселини од колаген, но не ја прифатила идентификацијата на структурите како крвни клетки.
Според водителката на истражувањето, Клити Грајс од Универзитетот Кертин во Австралија, манганското соединение хаусманит можеби ги стабилизирало структурите пред фосилизацијата. Грајс нагласува дека истражувањето не подразбира дека во древните фосили се зачувани големи биолошки молекули како протеини или ДНК.
Фосилните остатоци од аратазаурусот биле откриени во рудник во 2008 година и оттогаш се чуваат во Националниот музеј на Бразил. Студијата е објавена во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.