Според „Гардијан“, системите се наменети за пресретнување лансирања во блискиот вселенски простор, бидејќи руските лансирни позиции се надвор од дометот на украинските ракети со најголем дострел. Меѓу разгледуваните сценарија се и лансирања оружје поставено на летала што летаат на многу големи височини.
Федир Вениславски, претседател на поткомитетот за државна безбедност во украинскиот парламентарен комитет за одбрана, за „Гардијан“ оценил дека пристапот до вселенските системи е важен за функционирањето на украинската војска. Тој предупредил дека руските ракети Орјешник претставуваат дополнителна закана и рекол дека развојот на нови системи е приоритет.
Вениславски рекол дека веќе биле демонстрирани лансирања на системи што дејствуваат надвор од атмосферата и дека се проверува дали може да се воспостави нивно сериско производство. Тој очекува финансирањето да биде сериозна пречка поради големите потреби што војната ги наметнува врз украинскиот буџет. Не е потврдено кога системите би можеле да станат оперативни.
За идната независна украинска комуникациска мрежа се планираат околу 245 сателити. Украина и данската компанија Гомспејс го објавиле успешното лансирање на пробниот сателит Обрија Нано на 1 октомври 2026 година, во рамки на мисијата „SpaceX Transporter-18“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.