Рускиот Истражен комитет отворил истрага за експлозијата, пренесуваат руските медиуми, според кои автомобилот му припаѓал на Заворотни. Весникот „Комерсант“ објави дека тој е хоспитализиран, а РЕН ТВ и телеграм-каналот „112“ наведоа дека ја изгубил левата рака и добил потрес на мозокот, скршени ребра и други повреди.
Азаров денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не знае ништо за експлозијата, освен дека Заворотни преживеал. Азаров, проруски украински политичар, беше премиер од 2010 до 2014 година и пребега во Русија за време на антивладините протести во 2014 година. Засега нема коментар од Украина за експлозијата во Москва.
Во меѓувреме, Украина и Русија во текот на ноќта разменија напади со беспилотни летала, во кои има загинати и повредени во двете земји. Властите во јужниот украински град Одеса соопштија дека загинале две лица, а пет се повредени.
Во Киев, според извештаите од украинската престолнина, едно лице е повредено во напад врз болница. Рускиот напад предизвикал и пожар во болницата. Во југоисточниот град Запорожје, пак, во руски напад загинало 17-годишно момче, соопшти вршителот на должноста регионален гувернер Михајло Семикин.
Во рускиот град Волгоград загинале четири лица, а уште две се повредени, соопшти регионалната влада.
Европските лидери денеска треба да се состанат во Даблин на неформална средба на Европскиот совет. Според извештајот на ДВ, тие се под притисок да номинираат претставник за мировните разговори за Украина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.