Полските истражители тврдат дека групата незаконски испорачувала значителни количества делови за производство на муниција и системи за оружје, и покрај ембаргото.
Координаторот на разузнавањето Томаш Шемонијак рече дека Русија е под строго ембарго во оваа област и дека операцијата била осмислена за негово заобиколување.
Сите шестмина се соочуваат и со наводи за прекршување на правилата за меѓународна трговија со стоки и технологии од стратешко значење за одбраната и меѓународната безбедност. Другите двајца се под мерки што не вклучуваат притвор.
Меѓу осомничените има петмина Полјаци на возраст од 25 до 52 години и 37-годишна Русинка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.