Маршот почнал во Лаки Марват, град оддалечен 275 километри од Исламабад, а по ноќната пауза се очекувало да продолжи на 5 октомври. Властите во Исламабад поставиле товарни контејнери за да ги блокираат главните пристапни патишта кон градот.
Маршот првично бил планиран за претходната недела, но бил одложен за да се овозможат разговори меѓу владата и партијата на Кан, Пакистан Техрик-е-Инсаф (ПТИ). Разговорите завршиле без договор. ПТИ соопштила дека властите го одбиле барањето нејзините лидери да добијат пристап до Кан за консултации за национални и политички прашања. Партијата побарала и итен лекарски преглед и лекување за него.
Пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви го обвинил Сохаил Африди, главен министер на покраината Хајбер Пахтунхва, за саботирање на преговорите. Според извештаите на пакистанските медиуми, Накви рекол дека покраинската влада се повлекла од претходни обврски за борба против тероризмот.
Кан е во затвор од август 2023 година и се соочува со обвиненија во повеќе од 100 случаи, меѓу кои и за оддавање државни тајни и продажба на државни подароци. Тој рекол дека обвиненијата против него се политички мотивирани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.