Лав XIV укажа на луѓето кои, и покрај напорната работа, тешко ги покриваат потребите на домаќинствата. За демократијата рече дека е дел од наследството на Аргентина што треба да се зачува. Тој не ги коментираше директно владините политики.
Посетата на Буенос Аирес е втора етапа од турнејата низ Јужна Америка и прва посета на папа на Аргентина по речиси 40 години. Последен пат папа ја посетил земјата во 1987 година, кога таму бил Јован Павле Втори. Лав XIV треба да посети неколку аргентински градови пред во среда да продолжи за Перу.
Политиките на Милеи претходно наидоа на силни критики од Католичката црква во Аргентина, особено поради кратењата на социјалните услуги, пензиите, помошта за лицата со попреченост и јавните универзитети. Милеи ги брани намалувањата на јавните трошоци како неопходни за стабилизирање на економијата и ограничување на инфлацијата. Таа паднала од над 200 проценти на околу 33 проценти годишно, но домаќинствата и натаму се соочуваат со финансиски притисок.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.