Заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, во одговор до американски сенатори навел дека екипата е повлечена по санкциите, објави спортскиот портал ЕСПН. НБА претходно соопшти дека АПР нема да учествува во сезоната 2026, но тогаш не ја откри причината.
Во март, САД воведоа санкции против руандската војска, обвинувајќи ја дека го поттикнува конфликтот во Демократска Република Конго. Минатата недела воведоа санкции и против руандското Министерство за одбрана, поради наводна поддршка за бунтовничката група М23. Руанда негира дека ја поддржува групата.
Демократскиот сенатор Џефри Меркли и републиканската сенаторка Марша Блекбурн побараа од НБА да го преиспита партнерството со Руанда. Во писмо од 23 октомври ѝ дадоа рок до 2 ноември за писмен одговор. Сенаторите оценија дека партнерството може да ја направи НБА соучесник во обидите на Руанда да го подобри својот имиџ, и ја критикуваа соработката со влада за која тврдат дека систематски ги крши човековите права.
Руанда е официјален партнер на лигата и плаќа финалните натпревари да се одржуваат во арената БК во Кигали. АПР ја претставуваше Руанда во лигата во 2024 и 2025 година, кога заврши на третото место; оваа година ја заменија РССБ Тајгерс.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.