Компаниите треба да наведат дали можат да го фатат телескопот и да го подигнат на најмалку 600 километри над Земјата, да му ги подобрат перформансите или да го насочат кон контролирано враќање во атмосферата. Условот е мисијата за подигнување или сервисирање да не го оштети Хабл.
Барањето не значи дека НАСА одлучила да купи спасувачка мисија. Агенцијата бара информации за заинтересираните компании, можната цена и нивната способност да стигнат до телескопот навреме. Засега нема издвоено средства за набавка на мисија за подигнување или сервисирање.
Без интервенција, Хабл најверојатно ќе се врати во атмосферата во 2033 или 2034 година, но прогнозата може да се менува зависно од сончевата активност. Телескопот нема сопствен погон, а неговата орбита постепено се спушта.
Подигнување до бараната височина од 600 километри веројатно би го задржало Хабл во орбита најмалку уште 25 години. НАСА во 2024 година одлучи да не продолжи со мисија за подигнување на орбитата по разгледувањето на тогашните одговори.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.