Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Над 30 хоспитализирани откако товарен брод удри во туристички брод во Њу Орлеанс

Извор на фотографијата: DW
  • Спасени се најмалку 180 патници и членови на екипажот, а не се пријавени смртни случаи.
  • Градоначалничката на Њу Орлеанс, Хелена Морено, изјави дека никој од хоспитализираните нема критични повреди.
  • Товарниот брод Атлантик асфалт го погоди туристичкиот брод додека тој беше закотвен.

Повеќе од 30 лица се хоспитализирани откако товарен брод вчера удри во закотвен туристички брод на реката Мисисипи, близу пристаништето во Њу Орлеанс. Спасени се најмалку 180 патници и членови на екипажот, а не се пријавени смртни случаи.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Хелена Морено, изјави дека никој од хоспитализираните нема критични повреди. Таа го опиша спасувањето како чудо на Мисисипи.

Товарниот брод Атлантик асфалт го погоди туристичкиот брод додека тој беше закотвен. Снимките од несреќата покажуваат како туристичкиот брод со погонско тркало се превртува по ударот од многу поголемото товарно пловило, додека спасувачките екипи извлекуваат луѓе со спасувачки елеци од водата.

Очевидецот Девон Фланаган, чие сведочење го пренесе агенцијата АП, ја опиша сцената како хаотична. Според него, во помошта се вклучиле различни пловила, меѓу кои и баржи и бродови на други компании. Тоа дополнително ја усложнувало ситуацијата, бидејќи во водата сѐ уште имало луѓе.

Операторот на патничкиот брод, „American Cruise Lines“, потврди дека гостите и екипажот биле евакуирани и изрази длабока загриженост за сите засегнати. Бродот е изграден во 2015 година, има пет ката и капацитет за најмногу 150 патници. Тој го завршувал осумдневното крстосување до повеќе дестинации по реката Мисисипи во сојузните држави Луизијана и Мисисипи.

По првите вести за судирот, подолго време било нејасно дали има загинати и колку лица се повредени или исчезнати. Гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, изјави дека е на пат кон Њу Орлеанс и дека е во близок контакт со локалните власти и органите за спроведување на законот.

Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, соопшти дека неговиот ресор ги ангажира сите расположливи ресурси за да помогне во спасувањето на исчезнатите патници и тесно соработува со властите на сојузната држава.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.