Мелони ја критикува неусогласеноста на ЕУ и предупредува дека бројните состаноци во различни формати, без договор за улогата на Унијата, оставаат впечаток на несериозност и го нарушуваат кредибилитетот на европските дипломатски напори. Како примери ги наведува разговорите во Мајами и Осло и состаноците во Брисел со претставници на Украина, САД, европски земји, НАТО и ЕУ.
Според неа, ваквиот пристап им оди во прилог на оние што сакаат војната да продолжи. Мелони предлага прашањето за претставникот и неговите овластувања да се разгледа на состанокот на европските лидери во Даблин овој месец, а конечната одлука да се донесе на декемврискиот самит. Таа нагласува дека не бара посебна улога за себе или за Италија.
Кошта ја поддржал потребата од единствен и координиран настап на ЕУ и најавил дека прашањето ќе биде на дневниот ред на следниот состанок на европските лидери.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.