Изборите се закажани за 3 ноември. Собирот беше организиран за мобилизирање на гласачите, а говори одржаа и Роберт де Ниро и Мо Амер.
Рафало тврдеше дека неговите политички противници ќе се обидат да ги украдат изборите и предупреди на ризици за нивната кибербезбедност, споменувајќи го и Илон Маск. Нагласи дека не е експерт, но дека од експерти слушнал за ранливост при пренесувањето на гласовите од гласачките места до окружните центри, а потоа до сојузните држави.
Тој ги повика гласачите да се приклучат на организацијата „Free Speech for People“ во оспорувањето на небезбедни системи за гласање. Како цел наведе што е можно поточни резултати, заштитени од домашно или странско мешање.
Откако некој од публиката му довикна да им одговори како Халк, ликот што го игра во филмовите на „Marvel“, Рафало низ смеа одговори дека ќе се претвори во Халк и дека нема да им се допадне кога е лут. Додаде дека сè уште ја игра таа улога.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.