Седумнаесетгодишната каратистка пораснала во Наблус, на окупираниот Западен Брег. Таа раскажа дека имала тешкотии да патува меѓу градовите за тренинг, а финансиската поддршка не ги задоволувала потребите на спортист од врвно ниво.
Минатата година Бшарарат се преселила во Хамбург со мајка ѝ и браќата и сестрите, додека татко ѝ останал да се грижи за семејното карате-студио. Татко ѝ ѝ е менаџер, а вујко ѝ тренер.
Светската карате-федерација ја рангира Бшарарат на првото место во светот во нејзината категорија. Таа има цел да стане светска шампионка во сениорска конкуренција.
Каратето беше отстрането од програмата на Олимписките игри во 2024 година. Изворот наведува дека Бшарарат веројатно би била кандидатка за настап во Лос Анџелес во 2028 година доколку спортот беше вклучен во програмата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.