Производството на „ROM“-чипови на „Macronix“ се намалило за 39 проценти во последната година и сега претставува пет проценти од бизнисот на компанијата. Производството е потиснато од побарувачката за поисплатливи мемории „NOR“ и „NAND“ и чипови „eMMC“.
Капацитетот на „Macronix“ е 25.000 12-инчни вафери месечно. Компанијата планира да вложи 1,2 милијарди долари во нов капацитет, за чие активирање ќе биде потребна една година или повеќе.
„Nintendo“ минатиот месец соопшти дека во блиска иднина нема планови да се откаже од касетите. Преостанатите „ROM“-чипови би можела да ги набавува од компании како „Rohm“ и „Lapis Semiconductor“, а зависноста од тие добавувачи може да ги зголеми трошоците за изработка.
Дигиталната продажба на софтвер сочинувала 61,5 проценти од бизнисот на „Nintendo“ во вториот календарски квартал од 2026 година, според Гибсон. Ако продолжи да расте, помалата побарувачка за касети би можела со време да ги надомести повисоките трошоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.