Планот беше изложен на конференција за вселенски летови со екипаж во Пекинг. Меѓу претставниците што ги претставија деталите беше и Ванг Сјанг, главен дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината.
Првиот предвиден чекор е пробен лет на ракетата Чангџенг 10А и вселенскиот брод Менгџоу во ниската Земјина орбита, во почетокот на 2027 година. Потоа, во 2028 година, е планиран беспилотен пробен лет до Месечината со ракетата Чангџенг 10 и леталото за слетување Ланјуе.
Планот потоа предвидува истовремено лансирање на две ракети Чангџенг 10, едната со беспилотен Менгџоу, а другата со Ланјуе, кои треба да се спојат во орбитата околу Месечината. Во следното двојно лансирање, пред 2030 година, Менгџоу треба да носи екипаж, што би довело до слетување.
Екипажот и леталото за слетување треба да бидат лансирани одделно кон Месечината. Предвидените мисии се план, а не веќе изведено слетување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.