Спорот се продлабочи по говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН, во кој тој зборуваше за заробувањето и подоцнежниот трансфер на двајцата севернокорејски војници. Тие се бореле против Украина заедно со руските сили.
Јужна Кореја бара извинување од Украина и тврди дека коментарите го прекршиле договорот за доверливост и можеле да ги изложат на ризик семејствата на заробениците во Северна Кореја. Киев вели дека таков договор не постоел и изрази желба дипломатското недоразбирање да се надмине, но не се извини.
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, минатата недела рече дека Украина побарала доверливост за време на размената на заробениците, се согласила на неа, а потоа еднострано ја објавила информацијата. Тој побара јавно извинување и рече дека Јужна Кореја ќе преземе дополнителни мерки ако тоа изостане.
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека владата се надева оти отворените прашања ќе бидат решени спогодбено и дека ќе продолжи со консултациите со Украина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.