Такаичи изразила незадоволство поради недостигот на конкретен напредок откако ја презела функцијата и рекла дека јапонската влада продолжува да врши притисок врз Пјонгјанг. Таа ја нагласила итноста на решавањето на прашањето, бидејќи семејствата на исчезнатите од 1970-тите и 1980-тите стареат.
На собирот, организиран од семејствата и организација за поддршка, присуствувале околу 800 луѓе. Меѓу нив била и 90-годишната Сакије Јокота, чија ќерка Мегуми била киднапирана во 1977 година, кога имала 13 години. Јокота повикала граѓаните на Јапонија да протестираат против постапките на Северна Кореја.
Јапонија официјално признава 17 свои државјани како жртви на киднапирања од Северна Кореја и се сомнева дека Пјонгјанг е вмешан во исчезнувањето на уште луѓе. Петмина од признатите 17 се вратиле во Јапонија во 2002 година; Мегуми Јокота не била меѓу нив, а оттогаш не е забележано ново враќање.
Пјонгјанг тврди дека прашањето е решено и дека Мегуми Јокота извршила самоубиство во 1994 година. Нејзиниот брат Такуја Јокота, претседател на организација што ги претставува семејствата, оценил дека средба меѓу лидерите на Јапонија и Северна Кореја е единствениот начин да се обезбеди враќање на сите киднапирани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.