Асахи, Кирин и Сунтори потврдија дека нивните простории биле претресени и најавија дека целосно ќе соработуваат со истрагата. Кирин Холдингс соопшти дека е претресена нејзината подружница Кирин бруери поради сомнение за прекршување на јапонскиот Закон за спречување монополи.
За пиварницата Сапоро има извештаи дека и таа била претресена. Компанијата била контактирана за коментар.
Весникот „Japan Times“ пишува дека истрагата се фокусира на поскапувања во април минатата година и во октомври 2022 година. Сите четири компании ги најавиле зголемувањата, наведувајќи ги повисоките трошоци за суровини, како и други фактори, меѓу кои енергијата и транспортот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.