Спорна е функцијата на Фејсбук што предлага фотографии од личните галерии на корисниците за објавување на социјалната мрежа. Мета има рок од 60 дена да ја исклучи оваа функција и од корисниците да побара одделна дозвола токму за нејзиното користење.
Агенцијата оценува дека се засегнати голем број луѓе. Според неа, нарушувањето на приватноста сѐ уште трае кај оние што не ја ажурирале апликацијата, како и кај оние што веќе му дале согласност на системот.
Казната е еднаква на 0,4 проценти од годишниот промет на Мета и е најголемата што италијанските регулатори досега ја изрекле на голема технолошка компанија. Истрагата почнала во јули 2025 година, а регулаторите тврдат дека Мета не соработувала во нејзиниот тек.
Мета засега не ги коментирала казната и обвинувањата на италијанските власти. Компанијата може да поднесе жалба против финансиската санкција.
Компанијата претходно тврдела дека случајот треба да биде во надлежност на Ирска, каде што се наоѓа нејзиното европско седиште. Италијанските регулатори го отфрлиле тоа тврдење.
Мета претходно негирала и дека ја користи функцијата за пристап до галеријата за обука на модели на вештачка интелигенција. Тој аспект, сепак, не бил предмет на италијанската истрага.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.