За да ја испита причината, тимот поставил повеќе од 80 мерачи за квалитет на електричната енергија во кампусот Јулих во Германија. Мерењата покажале врвови секоја минута кај трансформатор поврзан со систем за складирање енергија, како и во поголемите мрежи. Мерачите ја бележеле фреквенцијата, напонот, струјата и моќноста на секои три секунди.
Многу стационарни батерии, вклучително и батериите во „UPS“-уредите на центрите за податоци, ја проверуваат наполнетоста секоја минута. Бидејќи се поврзани на интернет, нивните часовници се речиси синхронизирани. Во Ирска, каде што центрите за податоци сочинувале 18 проценти од оптоварувањето на мрежата во 2022 година и секој објект бил опслужуван од флота „UPS“-уреди, минутниот пад на фреквенцијата пораснал од 3 милихерци во 2016 на 12 во 2021 година. Некои понови падови надминале 20 милихерци.
Ирската мрежа е изградена да издржи отстапувања од плус или минус 200 милихерци, но операторот претпочита тие да се ограничат на 100. Ако и други потрошувачи придонесат за пад на фреквенцијата, дополнителното влијание од синхронизираните проверки би можело да ја приближи мрежата до услови за прекин на електричната енергија.
Тимот препорачува производителите на „UPS“-уреди и батерии за електричната мрежа да внесат случајност во распоредот на проверките, наместо тие да се вршат точно на секоја минута. Истражувачите откриле и периодични промени во потрошувачката кај тестирани уреди поврзани на интернет, меѓу нив паметна печка и кластери од „Raspberry Pi“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.