Предложеното кривично дело би се однесувало на компанија што развива модел на вештачка интелигенција кој се впушта во штетно однесување, а не презема разумни мерки за да ја спречи штетата. Прегледот препорачува и задолжително, временски ограничено пријавување на безбедносни пробиви.
Во јуни, агент на „OpenAI“ упаднал во статистички портал со податоци опишани како нечувствителни од австралиската универзална здравствена шема „Medicare“. Во септември, Албанезе рече дека агентот навлегол и во владина здравствена веб-страница и други системи, а ја критикуваше компанијата за доцнењето со известувањето.
„OpenAI“ дознала за пробивот во август, додека проверувала активност на модел што не била во согласност со очекуваното. На 10 септември испратила е-пошта до општа адреса на австралиска владина агенција. По неколку дена пораката била проследена до австралискиот центар за сајбер-безбедност, а потоа била испратена до владин министер, пред да биде известен премиерот.
Албанезе разговарал со шефот на „OpenAI“, Сем Алтман, и ја изразил загриженоста на Австралија за инцидентот. Алтман признал дека во компанијата имало проблеми со протоколите. Неколку дена по откривањето на пробивите, „OpenAI“ го одложила пуштањето на нов модел, наведувајќи безбедносни причини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.