Компанијата ја основал Роберт Хамви, кој е и нејзин извршен директор. Таа започнала по почетна инвестициска рунда поголема од 10 милиони долари.
„Authors First“ вели дека користи генератори за вештачка интелигенција, меѓу нив „Seedance“ 2.5 и „Nano Banana“, како и други технологии, вклучувајќи ја платформата за визуелни ефекти „Blender“. Понудата е наменета за автори, особено од научната фантастика и фантазијата, и треба да им помогне да ги адаптираат книгите поблиску до сопствената замисла, без вообичаените буџетски ограничувања.
Првиот проект на студиото е филмска адаптација на книгата „Wolf of the Plains“ од британскиот автор Кон Игулден, објавена во 2007 година и посветена на Џингис Кан. Проектот е создаден главно со ВИ. Компанијата наведува дека околу 25 луѓе работеле на приказната, аглите на камерата и дијалозите на ликовите.
Според Игулден, филмот немало да биде адаптиран без ВИ, бидејќи понудите што ги добил пропаднале поради буџетот потребен за историска епопеја.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.