Адвокатот Ијан Винтер ги засновал аргументите и на тоа што Бренд оставил адреси за електронска пошта и фотографии, како и на обидот да бакне една од подносителките на обвиненијата при заминувањето. Наводните инциденти се случиле меѓу 1999 и 2009 година.
Винтер ја критикувал и документарната емисија на Канал 4 од 2023 година, во која пет жени го обвиниле Бренд за силување, сексуални напади и емоционална злоупотреба. Адвокатот тврдел дека емисијата влијаела врз подносителките и дека наводите во неа не биле проверени на суд. Една од подносителките во актуелниот случај сведочела дека го гледала документарецот.
По тринеделно судење, одбраната и обвинителството ги изнесоа завршните зборови. Обвинителството ја оцени одбраната како изнесување полувистини претворени во лаги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.