Натпреварот ќе се игра на стадионот „Караѓорѓе“. Во составот има тројца голмани, осум одбранбени играчи, седуммина во средниот ред и шестмина напаѓачи.
Таневски рече дека поголемиот дел од составот го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година, кои треба да бидат носители во следниот квалификациски циклус. Неколкумина родени во 2005 година, според него, поради возрасната граница нема да имаат право на настап во тој циклус.
Селекторот го оцени натпреварот како можност да се провери како функционира и реагира тимот против силен противник, како и да се утврди на што треба да се посвети внимание понатаму. Тој ја опиша Србија како квалитетна селекција со високи амбиции и посочи дека е домаќин на Европското првенство до 21 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.