Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ристиќ ја однесе Македонија до 17 години во Лигата А со гол против Сан Марино

Извор на фотографијата: Фудбалска Федерација на Македонија
Извор на фотографијата: Фудбалска Федерација на Македонија
  • Единствениот гол го постигна Стефан Ристиќ.
  • Избраниците на Иљами Исејни ја забележаа втората победа во Групата 11 и имаат максимални шест бода.
  • Ристиќ го реши натпреварот во 58. минута, по асистенција на Александар Полимец.

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денеска ја победи Сан Марино со 1-0 и обезбеди пласман во Лигата А, втората квалификациска фаза за Европското првенство во 2027 година. Единствениот гол го постигна Стефан Ристиќ.

Избраниците на Иљами Исејни ја забележаа втората победа во Групата 11 и имаат максимални шест бода. Пласманот во следната фаза беше обезбеден откако Турција ја совлада Унгарија со 4:0.

Ристиќ го реши натпреварот во 58. минута, по асистенција на Александар Полимец. Напаѓачот од младинскиот погон на Партизан сега има четири гола на првите два натпревара од квалификацискиот турнир.

Тој ги постигна и сите три погодоци за Македонија на првиот натпревар против Унгарија, кога репрезентацијата со пресврт победи со 3-2.

Во последното коло, на 17 ноември, Македонија ќе игра против домаќинот Турција. Тој дуел ќе го одреди конечниот распоред во групата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.