Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Околу 600 учесници на 68. ноќна атлетска трка во Битола

Извор на фотографијата: Општина Битола
Извор на фотографијата: Општина Битола
  • На Широк Сокак во Битола се одржа 68. ноќна атлетска трка со околу 600 учесници.
  • Трката ја организираа Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола.
  • Меѓу учениците учесници беа најдобрите тројца од секое училиште во соодветната категорија.

На Широк Сокак во Битола се одржа 68. ноќна атлетска трка со околу 600 учесници. Таа беше организирана вечерта пред Денот на ослободувањето на градот, кој се одбележува на 4 ноември.

Трката ја организираа Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола. Учествуваа ученици од четврто одделение до четврта година средно образование, студенти и граѓани.

Меѓу учениците учесници беа најдобрите тројца од секое училиште во соодветната категорија. Најбрзите добија дипломи и медали, кои им ги врачија градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.