Митровски поради повредата го пропушти натпреварот во Глазгов, а сега повторно е во комбинација за тимот. Тој вели дека се чувствува подобро, но неговиот настап сѐ уште не е потврден.
Словенија ја оцени како компактна селекција која одлично игра во транзиција и очекува противникот да оди на победа. „Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да освоиме три бода“, порача Митровски.
Повратникот во националниот тим Дарко Чурлинов изрази задоволство што повторно е со репрезентацијата и жалење што не можел да помогне на првите четири натпревари минатиот месец. Според него, Македонија одиграла добро во Шкотска, но немала среќа.
„Мораме уште подобро и ако го презентираме на теренот тоа што го бара селекторот од нас, резултатите сигурно ќе дојдат“, истакна Чурлинов.
Натпреварот со Словенија ќе се игра утре, понеделник, на арената „Тодор Проески“, со почеток во 20 часот и 45 минути.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.