Кампањата ги опфаќа женската кошарка, фудбал, ракомет и одбојка. Во соработка со националните спортски федерации е подготвен календар на избрани натпревари.
Во рамки на кампањата ќе има медиумски и дигитални активности, промоција на избрани натпревари и видео и радио содржини. Во нив директно ќе се вклучат спортистки, јавни личности, навивачки групи, институции и други поддржувачи на женскиот спорт.
Кампањата е дел од проектот „Фер игра – поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кофинансиран од Европската Унија. Проектот го спроведуваат Македонскиот олимписки комитет, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушал Солушнс и Параолимпискиот комитет.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.