Македонија ќе игра против Северна Ирска, Словенија и Малта. Натпреварите ќе се одржат во Турново и Струмица, со почеток во 13 часот.
Првиот меч е на 11 ноември против Северна Ирска, на стадионот „Кукуш“ во Турново. На 14 ноември следува дуелот со Словенија, а групната фаза завршува со натпреварот против Малта на 17 ноември.
Во списокот се голманите Александар Трајковски, Павел Грбевски и Бесјан Алију. Во одбраната се Албан Рочи, Христијан Маркоски, Матео Кесик, Мухамед Мустафи, Филип Цветковски и Анес Абдурахмани.
За средниот ред се повикани Габриел Талески, Бојан Велков, Иван Танчев, Лорен Жаку, Александар Грашевски и Лавдрим Касами. Во нападот се Мухамед Куртиши, Јован Мрмачовски, Јаков Стојковски, Јордан Дамевски, Дитмир Хоџа и Антиан Емини.
Целта на селекцијата е да го освои првото место во групата и да се пласира во Лига А за третиот квалификациски круг. Со тоа би останала во трка за настап на завршниот турнир на Европското првенство во 2027 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.