Македонската квиз-асоцијација организираше настап во сите дисциплини на првенството. Националниот тим во состав Илија Стевков, Бари Исени и Митко Димитровски го освои 20. место, иако настапи со тројца наместо вообичаените четворица играчи.
Во клупското натпреварување тимот Македонија заврши на 50. место, а македонско-шкотско-норвешкиот состав, во кој беше Митко Димитровски, на 35. место. Најдобро пласираниот македонски пар, Илија Стевков и Бари Исени, беше 86-ти.
На првенството во Сараево учествуваа околу 230 натпреварувачи од 28 земји. Македонија за првпат настапи на натпреварувањето, а беше единствениот дебитант во Купот на нациите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.