За критичната инфраструктура, Левица предлага државата да преземе одговорност за обезбедување стратешки објекти во водоснабдувањето, енергетиката, транспортот, комуникациите и здравството. Предлогот предвидува и формирање државна служба во Министерството за одбрана, наместо обезбедувањето да го вршат приватни обезбедувања.
За субвенционираниот студентски оброк, партијата предлага износот од 140 денари да се усогласува со реалниот раст на платите и да изнесува еден процент од минималната нето-плата. Оброкот би важел и за вонредните студенти, без приходен праг и во текот на целата недела. Левица наведува дека износот не бил усогласен три години и дека, според нејзините пресметки, студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра.
За земјиште зафатено со шумски пожар, Левица предлага 50-годишна забрана за урбанизација, градба, поставување фотоволтаици и сеча. Партијата образложува дека ограничувањето би го отстранило економскиот мотив за намерно палење шуми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.