Работната група ја следи примената на законските одредби и ги разгледува проблемите со кои се соочуваат институциите. Посебен акцент во нејзината работа е остварувањето на правото на упис во матичната книга на родените на лицата што досега не биле евидентирани, за да можат да го регулираат граѓанскиот статус и да пристапат до основните права и услуги.
Групата има за цел да ја унапреди координацијата меѓу надлежните институции, да ги идентификува можните административни и практични пречки и да ги следи резултатите од спроведувањето на законските решенија.
Измените на Законот за матичната евиденција, донесени во јуни 2023 година, создадоа законски услови за олеснување на постапката за упис на лицата што не биле евидентирани во матичната книга на родените.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.