Според предлогот, средствата би се уплаќале директно во банката и би ја намалиле месечната рата. Мерката би имала јасни услови и заштитни механизми против злоупотреби. Би ги опфатила и постојните станбени кредити склучени во последните пет години, согласно законските услови.
Левица наведе дека понудила заедничко усогласување на решението. Пратеникот Амар Мециновиќ ги повикал пратениците од мнозинството да разговараат за висината на поддршката, вклучително и за можност таа да биде 20, 10 или 5 проценти, како и за начинот на пресметување. Според Левица, предлогот бил отфрлен без забелешки и без аргументирана расправа.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.