Николовски праша дали Народната банка ги разгледала одлуката на Европската централна банка и казната од австрискиот регулатор пред да ја даде согласноста. Тој, исто така, праша зошто предупредувањата и одлуките на европските институции не довеле до соодветна реакција во Македонија, иако информациите биле јавно достапни.
Николовски рече дека членството во Европската Унија подразбира надзор, размена на информации и проверки на потеклото на капиталот и угледот на сопствениците на банки. Тој оцени дека европските платежни механизми треба да бидат придружени со примена на европските стандарди за контрола.
За заштитата на средствата на клиентите рече дека е минимумот што го очекува јавноста. Николовски очекува банката да биде продадена без штета за ниту еден клиент.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.