Како дел од причините за заминувањето, ЗНАМ ги наведува состојбата во СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните. Партијата го оценува преминувањето како потврда дека сѐ повеќе граѓани ја препознаваат нејзината политика како автентична, принципиелна и посветена на нивните интереси.
Новите членови ги пречекаа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, и претседателот на општинската организација на ЗНАМ во Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.
Од ЗНАМ порачаа дека остануваат отворени за нови членови кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.