359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Жерновски: Извештајот на ЕК бележи застој во корупцијата и јавните набавки

Гледај на YouTube

Андреј Жерновски од СДСМ оцени дека вчерашниот извештај на Европската комисија бележи застој во борбата против корупцијата, јавните набавки и слободата на изразување. Тој го оцени извештајот како негативен.

Жерновски рече дека нема напредок во седум области и го издвои Кластерот 1, кој се однесува на темелите. Судството, според него, е под политички притисок и нема доволно средства, медиумите се под притисок, а земјоделството е пред колапс.

Тој рече дека Европската комисија предупредува и за слабо управување со јавните инвестиции, голема неформална економија, иселување квалификувана работна сила, недостиг од соодветни вештини и голем родов јаз на пазарот на трудот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.