„Ова не се само обични имиња. Ова се жртви кои вие ги имате на совест!“, порача Зајкова.
Повикувајќи се на собраниската архива, Зајкова наведе дека предлогот првпат бил поднесен на 1 април 2025 година. Според неа, ЛДП по вторпат го поднела предлог-законот за воведување електронски нараквици на 5 март 2026 година, а Собранието повторно го одбило на 18 март.
Во хронологијата со која ја поткрепува критиката, Зајкова ја наведе Рамајана Асан со датумот 3 мај 2025 година, односно, според нејзината пресметка, 32 дена по одбивањето на предлог-законот. За Росица Коцева го наведе 15 септември 2025 година, 167 дена или пет месеци и 14 дена по одбивањето.
За Ивана и Катја, Зајкова го наведе 2 март 2026 година и период од 335 дена по одбивањето на предлогот. За Билјана Кириќ го посочи ноември 2026 година, со пресметка од 581 ден по одбивањето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.