Договорот опфаќа пет гранични премини, меѓу кои и Ќафасан. ВЛЕН го претставува како продолжување на моделот „One Stop Shop“, односно гранична постапка со едно застанување, кој, според коалицијата, го започнале со Косово и го заокружуваат со Албанија.
Од ВЛЕН очекуваат помалку чекање за граѓаните и пониски трошоци за бизнисите. Коалицијата оценува дека побрзото поминување на стоките ќе ја олесни трговијата и ќе му користи на туризмот. Посебно ја нагласува важноста на ваквиот режим во летните месеци, кога, како што наведува, граѓаните губат часови во граничните колони.
Зајакнувањето на врските со Албанија и Косово, според ВЛЕН, е дел од нејзината стратешка ориентација. Во тој контекст коалицијата ги наведува и своите заложби за Коридорот 8, патот Скопје-Блаце, патот Тетово-Призрен и енергетските поврзувања со двете земји.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.