Тренчевска на прес-конференција рече дека, наместо навремено и професионално постапување, институциите дозволиле жртвата да заврши во болница, додека лицето што го посочи како насилник било пуштено дома. Таа оцени дека таквото постапување отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и заштита.
Според пратеничката, без реакцијата на граѓаните, невладините организации и СДСМ, лицето ќе останело на слобода, додека Сара се борела за своето здравје и безбедност. Таа тврдеше дека институциите реагирале под притисок, откако јавноста изразила гнев.
Тренчевска наведе дека бил сменет обвинителот, била изменета одлуката и биле посочени нови околности, по што бил одреден притвор. Овој пресврт го оцени како показател за нефункционален систем и партиска контрола што постапува по наредби од врвот.
Таа нагласи дека одлуките мора да зависат од законите и доказите, а не од притисокот на јавноста. Обвини дека институциите не ја гарантираат безбедноста на жените и служат како инструмент на власта за заштита од одговорност.
Како други примери во критиката за заштитата на жените, Тренчевска ги наведе случаите со Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари и Ивана и нејзината ќерка од Скопје. Таа порача дека безбедноста на жените не смее да биде предмет на политички калкулации на ВМРО.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.