Трајков рече дека земјата повеќе од две децении го усогласува правниот и институционалниот систем со правото на ЕУ, во согласност со обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Процесот, според неа, започнал со клучни акти поврзани со внатрешниот пазар, а потоа се проширил на сите други области.
На работилницата беа претставени европски и регионални искуства и конкретни насоки за прилагодување кон европското законодавство во одделни области.
Трајков оцени дека правилната транспозиција е суштинска за ефикасно спроведување на законодавството според европските правила и стандарди. Како инструменти за забрзување на трансформацијата, паралелно со преговорите, ги посочи Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и Реформската агенда. Таа оцени дека квалитетната хармонизација е услов за финансиска поддршка и придобивки што граѓаните и компаниите можат да ги почувствуваат пред полноправното членство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.