362 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тошковски оствари проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски
Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски

На 9 ноември министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Тошковски наведе дека со поддршка на ОБСЕ биле изградени и опремени Мултимедијалниот центар за обука во Полициската академија и специјализирани простории за разговор со деца и жртви во Битола, Струмица и Тетово.

Според министерот, заедничките активности биле насочени кон зајакнување на капацитетите за борба против нелегалната трговија и злоупотребата на оружје. Во нив, како што наведе, спаѓале воспоставувањето на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација, специјализирани обуки, регионална полициска соработка и превентивни кампањи, меѓу кои и „Животот нема рестарт“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.