362 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Стојаноска бара гаранции пред уставните измени за евроинтеграциите

Архивска фотографија · Извор: ldp.mk
Архивска фотографија · Извор: ldp.mk

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска бара конкретни гаранции дека, по евентуалните уставни измени, напредокот на Македонија кон ЕУ ќе зависи од спроведувањето на реформите. Таа предлага измените да имаат одложено дејство или да се донесат на крајот од процесот, ако намерите на источниот сосед се чесни.

Стојаноска ги изнесе ставовите во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија. Таа рече дека обврската ја презела претходната власт, а сегашната го носи товарот.

Како друга опција, Стојаноска посочи усвојување акциски план за малцинствата. Таа рече дека 26 земји членки немаат проблем со неговото усвојување, а една има.

За извештајот на Европската комисија, Стојаноска рече дека евроамбасадорот кажал оти е подобар од минатогодишниот и дека има напредок во реформите, образованието, надворешната и безбедносната политика.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.