На средбата присуствуваа Ирена Андраси од Хрватска, Јоанис Враилас од Грција, Балинт Одор од Унгарија, Винченцо Челесте од Италија, Јурај Ноциар од Словачка и Владимир Бертл од Чешка. Сиљановска-Давкова им се заблагодари за поддршката.
Сиљановска-Давкова нагласи дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на македонското законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес. Како дополнителна потврда го посочи забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.
Таа изрази очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе бидат приоритет на претстојните претседателства со Советот на ЕУ, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, кои ги посочи како пријатели на Западен Балкан.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.