Присутните ги споделија искуствата од животот и работата во Белгија и ја истакнаа потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции.
Дел од присутните изразија подготвеност преку различни проекти да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани. Тие сакаат експертизата и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови.
Сиљановска-Давкова истакна дека врските со дијаспората треба да се негуваат, шират и продлабочуваат без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата. Таа рече дека дијаспората не треба да биде само набљудувач, туку активен и рамноправен партнер во обликувањето на општествените процеси, преку институционално поврзување, размена на знаења и учество во креирањето политики.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.